| четврток, 6 декември 2018 |

Воз прегази маж кај Железара

vozovi

Возот од Кичево за Скопје прегазил 32-годишен маж, кој, за среќа, ја преживеал несреќата, но со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила вчера во 14.25 часот на делот од пругата меѓу ЖС-Железара и ЖС-Скопје. Патничниот воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во Е.Ј. (32). Од ударот Е.Ј. се здобил со тешки телесни повреди при што му е укажана лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top