| четврток, 6 декември 2018 |

Возбудлив последен ден од преодниот рок, најатрактивни трансферите на Бекам и Вилијан

Возбудлив последен ден од зимскиот фудбалски преоден рок со атрактивни трансфери, од кои се издвојуваат доаѓањето на Дејвид Бекам во Пари сен Жермен и на бразилецот Вилијан во Анжи за сума од 35 милиони евра.

Последниот ден од јануари вообичаено е најфрекфентен, а зимово за засилувања најмногу потрошија Англичаните. Прометот на Островот ја надмина сумата од 100 милиони фунти.

Најатрактивни се засилувањето на Арсенал од Малага, Начо Монреал, кој ги чини топчиите 12 милиони фунти.

Челзи потроши 7 милиони фунти за да го доведе напаѓачот Демба Ба од Њукасл, но тој трансфер се случи порано од синоќешниот возбудлив финиш на преодниот рок.

Атрактивно е и засилувањето на Ливерпул, Кутињо, а Манчестер јунајтед ја доби битката за екстраталентираниот Вилфрид Заха.

Француските интернационалци Матје Дебуши и Лоа Реми ги засилија Њукасл, односно Квинс Парк Ренџерс, а одлична зделка направија и челниците на Тотенхем со доведувањето на германскиот вундеркинд Луис Холтби од Шалке 04.

Супер атрактивен беше и трансферот на Марио Балотели од Манчестер сити во Милан.

Интересен 31. јануари кога се во прашање засилувањата гледавме и на домашната сцена. Одамна немало толку возбудувања, а ѕвезди во последен час се поранешните македонски репрезентативци Аце Стојков кој потпиша за Вардар и Филип Деспотовски кој пристигна во Тетекс. Супер засилување си ангажираше и Работнички во Баже Илиоски, а одлично пазареа и Брегалница која го доведе Горан Димовски од молдавска Дачија и Металург кој го врати во своите редови младинскиот репрезентативец Бојан Георгиевски од БАТЕ Борисов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top