| четврток, 6 декември 2018 |

Два милиони муслимани на аџилак во Мека

adzilakБлизу два милиони муслимани пристигнаа денеска во светиот муслимански град Мека, за да го започнат својот редовен годишен аџилак. Аџиите појдоа од Мека кон блиската Мини по пат, со воз или пешки, носејќи дводелна бела облека, како што налага традицијата, додека жените се целосно покриени со исклучок на лицето и рацете. Во Мини ќе се молат и одмораат пред да појдат на планината Арафат, врвот на ритуалниот аџилак.

Планирано е по неодамна изградената железничка пруга да се превезат 400.000 аџии, кои учествуваат на најголемиот светски годишен аџилак.

Саудиска Арабија распореди повеќе од 100 илјади војници кои се грижат за безбедноста на аџиите и предупреди дека нема да толерира демонстрации или немири.

Богатото кралство исто мобилизираше и големи медицински ресурси, како и цивилна заштита за да обезбеди непречено движење на аџиите, од кои 1,4 милиони се од странство, што е значително помалку од лани, кога на аџилак дојдоа 1,75 милиони аџии од други земји.

Владата во Риад воведе 20-отстотно ограничување годинава на квотата аџии кои доаѓаат од странство.

Годинава се намали бројот на домашни аџии поради страв од вирусот МЕРС и поради намалените капацитети поради повеќе милијарди долари вредните градежни работи.Фактот дека од Саудиска Арабија се најголемиот дел на случаи заразени со МЕРС ги зголеми грижите дека аџиите би можеле да се заразат и во своите држави да го пренесат вирусот.

Саудискиот министер за здравство Абдула Ал Рабиа синоќа изјави дека властите досега не воочили меѓу аџиите појава на вирусот МЕРС, од кој во светот починаа 60 луѓе, од кои 51 во Саудиска Арабија.

Експертите се обидуваат да го разберат МЕРС коронавирусот, за кој сѐ уште не постои вакцина. Вирусот се смета за смртоносен, но помамалку пренослив од вирусот САРС, кој се појави во Азија во 2003 и од него беа заразени 8.273 луѓе, од кои деветмина починаа и предизвика економски хаос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top