| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП затвори повеќе објекти во Струга и струшко

Според последните информации од терен, даночните контролори од Управата за јавни приходи затвориле  40 деловни објекти од кои најголемиот број во Струга и струшко.

Поради утврдени неправилности во работењето, парична глоба во противвредност на 3.250 евра и мерка за времена забрана за вршење на дејност од 15 дена им е изречена на даночни обврзници во Струга, селата Лабуништа, Радожда, Враништа.

Од УЈП потенцираат дека и покрај постојаните апели од управата до даночните обврзници да издаваат фискални сметки и да го регистрираат прометот, некои од даночните обврзници продолжуваат да го заобиколуваат законот.

Од Управата за јавни приходи информираат дека големата акција во делот на фискализацијата продолжува и во наредниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top