| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен телохранител при обид за киднапирање на германски амбасадор во Јемен

Вооружени напаѓачи денеска нападнале возило на германската Амбасада во Јемен, со цел да ја киднапираат амбасадорката, при што е убиен нејзиниот телохранител.

Во обидот да ја киднапираат, настрадал нејзиниот телохранител додека се обидувал да ја спаси амбасадорката.

Нападот се случил додека амабсадорката со обезбедувањето излегувала од супермаркет во квартот Хада во Сана во кој се наоѓаат странски амбасади. Според првични информации, нападот го извршиле две лица кои успеале да побегнат со автомобил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top