Сексот не треба да ви биде рутина и да го применувате само навечер, бидејќи тоа ќе ви стане досадно, а и монотоно. За да ја разбиете рутината почнете да практикувате утрински секс бидејќи има позитивни страни.
Еве пет причини зошто е добро да го започнете денот со секс.
1. Има ли воопшто подобар начин за почеток на денот?!
-Тука нема што да се каже, ако мислите дека има подобар начин за почеток на денот од жежок секс, тогаш престанете да читате понатаму.
2. Нема да имате грижа на совеста што поради умор немате секс пред спиење
-Колку пати сте го прескокнале сексот со оправдување дека сте уморни. Во долгите врски и во брак, лесно е да влезе во рутина. Поради умор и обврски сексот е се поредок, а навечер едвај чекате да заспиете. Сексуалниот живот пати, а двојките се незадоволни. Утринскиот секс може да биде решение.
3. Нема да задоцните на работа заради тоа
-Доста е со изговорите. Ако секако и двајцата се туширате наутро, би можеле да се туширате заедно и да имате една партија набрзина.
4. Утринскиот секс е добар за здравјето
–Истражувањата покажуваат дека утринскиот секс го подобрува имунитетот. А токму зголемениот имунитет ќе ви помогне полесно да ја поминете сезоната на грипови и настинки.
5. Наутро мажите се поиздржливи
-Нивото на тестостеронот кај мажите е највисоко во утринските часови по неколкуте часа сон, што значи дека мажот наутро ќе биде напален и ќе може да трае подолго. ‘Кога мажот има повисоко ниво на тестостерон има и повеќе енергија за време на сексот и таа енергија му овозможува да издржи повеќе’ – вели сексуалната терапевтка Арлин Голдмен. Па, ако секогаш се жалевте дека сексот ви трае премногу кратко – имајте секс веднаш по будењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.