| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ го загуби првото место, ама не ја дава титулата во Пекинг

Новак Ѓоковиќ го загуби првото место на светската ранг-листа во битката со Рафаел Надал, но ќе има можност да покаже дека е подобар од Шпанецот, на истиот турнир на кој е симнат од врвот, во Пекинг. Двајцата најдоброрангирани светски тенисери ќе ги сменат позициите од понеделник, а утре ќе играат меѓусебе за трофејот во главниот град на Кина. Надал имаше помалку работа за да се пробие до завршницата, откако Томаш Бердих се предаде по само 6 одиграни гемови.

Ѓоковиќ мораше да игра докрај, но и тој рутински се пласира во финалето. Со 6-4, 6-2 Новак го победи Ришар Гаске и ќе има можност да ја браби титулата.

Во женска конкуренција на истиот турнир Серена Вилијамс ќе игра против Јелена Јанковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top