| четврток, 6 декември 2018 |

Фатен измамник: Издавал непостојни камп-приколки во Охрид

prikolka

Прилепчанец издавал непостоечки камп-приколки по цена од 5000 денари за десет дена во Охрид. Поради поволната цена многумина се јавиле на неговиот оглас, но кога стигнале во Охрид, измамникот не им се јавувал на телефон. Измамникот вака заработил 500 евра.

Полициската станица во Крушево поднела кривична пријава против С.С.(25) од Прилеп за кривично дело измама. Во текот на јуни и јули 2012 година, пријавениот на интернет страната „Реклама 5“ поставил оглас дека издава камп-приколки за летување во Охрид за десет дена по поволна цена од 5.000 денари, по што почнале да му се јавуваат заинтересирани лица од Крушево, Кавадарци, Неготино и други градови од државава. Потоа откако телефонски се договарал со муштериите им дал трансакциона сметка од Комерцијална банка-филијала Прилеп да уплатат половина од бараниот износ, а останатиот износ откако ќе пристигнат во Охрид. Откако несудените туристи пристигнале во Охрид, телефонски го побарале пријавениот за да ги однесе до камп приколките, но тој го исклучувал телефонот. На овој начин, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 32.580 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top