Деновите на доминација на ракометот на спортската сцена во Македонија продолжија и кога не се играат натпревари. По блескавата победа на Металург против ПСЖ, симпатизерите на ракометната игра се израдуваа на изборот на ЕХФ за најдобар гол на второто коло во ЛШ, со велемајсторска изведба на Тимур Дибиров.
Во Топ 5, но во друга категорија ги има и Страхиња Милиќ од Вардар и феноменалниот Дарко Станиќ, и двајцата со импресивни одбрани против Вакер Тун, односно ПСЖ.
И за крај, во изборот на најдобрата седморка на второто коло место има за Ренато Вугринец од Металург и за Тимур Дибиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


