| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавување за американска зелена карта

Get-an-American-Green-Card-to-live-in-America-permanentlyПријавувањето за учество во програмата Лотарија за добивање иселенички визи (зелена карта) за 2015 година, ќе почне во 18 часот во вторник, 1 октомври 2013 година, соопшти денеска Амбасадата на САД во Скопје.
Рокот за пријавување истекува во 18 часот, в сабота, 2 ноември 2013 година. Пријавувањето за Лотарија за иселеничка виза за 2015 година се врши по електронски пат, апликации на хартија не се прифаќаат.
Стејт департментот на САД отвори посебна веб-страница за пријавување на Лотаријата за иселенички визи http://www.dvlottery.state.gov/. Преземањето на апликацијата за учество од веб-страницата, пополнувањето и испраќањето не се наплаќа. Пријавувањето на програмата не гарантира дека апликантите ќе бидат прифатени, информира Амбасадата на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top