– Македонија и краткорочно и долгорочно ќе беше ставена во дефанзивна позиција доколку институциите не си ја завршеа работата и доколку оставеа оваа шпионска мрежа да продолжи да работи. Впрочем, не залудно нашиот Кривичен закон предвидел кривично дело шпионажа, со високи затворски казни. Не верувам дека некој може да предвиди во моментов колкави би биле последиците по Македонија во случај групата да не беше разоткриена и кој и во какви цели би можел да ги злоупотреби информациите добиени од членовите на оваа група, посочува министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во интервју за неделникот „Република“.
Македонскиот Закон за постапување со класификувани информации е целосно усогласен со европската законска регулатива, односно и со регулативите на државите-членки на НАТО. Тој точно предвидува кои лица и на кој начин може да постапуваат со вакви информации. Иако ваков случај е прв во Македонија, не е непознат во светот, па затоа и постои толку прецизна и широкоприфатена законска рамка. Всушност, искуствата покажуваат дека секогаш постојат поединци и групи кои за профит наштетуваат на државата. Најсвежите примери доаѓаат од САД, од каде што протекоа класификувани информации.
Но, не недостасуваат примери и од македонската историја кога државни тајни излегуваа на површина. Но, примери за акции нема, првенствено поради, како што посоочуваат познавачите, тешкиот процес на докажување на таков случај.
– Секогаш е исклучително тешко кога од спротивна страна имате луѓе од безбедносните структури, кои, исто така, ги знаат процедурите на работење на службите. Некои случаи беа документирани порано, но заради потребите од целосно заокружување на сите дејства, решивме да не откриваме поединости за јавноста – вели Јанкуловска.
Сепак, што се однесува до полиција- обвинителство – суд во овој случај, целата полициска операција која траела две години била во координација со Обвинителството, за потоа јавниот обвинител да ја прифати пријавата и доставените материјални докази, да поднесе барање до судот за почнување истрага. Основниот суд Скопје 1 го прифати барањето, а по сослушувањето на осомничените изрече мерка притвор. Сега во преден план, но далеку од очите на јавноста, ќе бидат материјалните докази и оценката на судот.
– Силата на системот и на државата се гледа во вашиот капацитет да се борите со ваквите ризици, а ние покажавме дека сме подготвени за тоа – додава Јанкуловска за „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар



