| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата лага во врска со сексот

Најновото истражување објавено во магазинот за здравје „Њу Ингланд“ го сруши митот дека сексот е добра замена за вежбањето.

И покрај сите статии кои ветуваат дека со сексот може да изгубите голем број на калории, сепак вистината е дека просечниот секс трае само 6 минути, време во кое ќе изгубите само 21 калорија.

Ако пак ви се посреќило и ги продолжите вашите сексуални активности на пример за 30 минути, во тој случај може да изгубите од 85 до 100 калории, што е сепак недоволна бројка за да се продолжи со тврдењето дека сексот е одлична замена за вежбањето.

Сепак, сите останати придобивки од сексот сѐ уште си важат, како на пример тоа дека сексот го подобрува расположението, позитивно влијае врз квалитетот и еластичноста на кожата, ја подобрува циркулацијата, ви помага во сонот и сл.

Но, ако навистина сте решени да го изгубите вишокот на килограми, јасно ви е што треба да правите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top