| четврток, 6 декември 2018 |

Струмички зависник си задасил канабис за да има на залиха за неколку години

treva strumica

фото: МВР

Струмичката полиција извршила рација дом на 39-годишник во близина н фабриката Паскалин и нашла 10 растенија канабис сатива. Уапсениот тврдел дека сакал да си направи залиха на марихуана за неколку години.

Според МВР, по претходни добиени оперативни сознанија за инкриминации со опојни дроги, СВР Струмица, НК за КР ОНТ Гевгелија вчера со обезбедена наредба за претрес на дом и помошни простории издадена од ИС при ОС Велес, извршен е претрес во куќата, дворното место, помошните простории како и во помошните простории- ранч кои се наоѓат во атарот на Гевгелија, во непосредна близина на фабрика “Паскалин“, на лицето Д.С. (39) од Гевгелија.
При претресот во дворното место беа пронајдени засадени 10 растенија Канабис Сатива во висина од 70 см до 2,5 метри, во гаражата беа пронајдени пет растенија Канабис Сатива закачени да се сушат во висина од 1,6 до 2,4 метри, сноп од гранки со листови и цветни завршетоци од растението Канабис Сатива закачени да се сушат и пластични кофи од кои едната исполнета со цветни завршетоци, а другата со гранки и листови, а пронајдени се и три најлонски ќеси исполнети со цветни завршетоци од растението Канабис Сатива.
Пријавениот во текот на претресот сам, доброволно ги предал и покажа сите предмети кои беа пронајдени и одземени и тој е приведен и задржан во просториите на ПС Гевгелија. Во обавениот разговор со него тој навел дека во текот на јуни годинава од љубопитност ги фрлил семките кои предходно ги пронашол во помошна просторија (казанџилница) која се наоѓа во склоп на неговата куќа во дворот. Откако изникнале растенијата почнал да ги одгледува, а бидејќи бил долгогодишен корисник на опојна дрога марихуана планирал да си произведе опојна дрога марихуана за лични потреби и да си направи залиха за неколу години.
НК за КР –ОНТ Гевгелија до ОЈО Велес поднесен кривична пријава против Д.С. поради основано сомневање дека сторил кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 ст.1 од КЗ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top