Две училници сместени во објект стар 70 години, покрив што прокиснува, ѕидови пред распаѓање, скапани штици на подот, миризба на мувла, а училиштето врие од глувци. Вака за Телма, родителите од битолското село Крклино ги опишаа условите во учлиштето каде учат дваесетина деца.
Велат, дека целосно е запоставена и околината, во училишниот двор има купишта ѓубре и треви повисоки од објектот. Жителите денеска ги повикаа медиумите, откако безуспешни останале нивните барања и поплаки до надлежните.
-Штиците на подот се премачкани со прегорено масло, внтре мириса на мувла, а детето ми вели дека глувци има во шкафчињат каде што ги чуваат книгите. Децата се плашат да влезат во училница, вели Оливер Станковски, родител.
Видеото погледнете го тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.