Ракометарот на осминафиналистот во ЛШ, Металург и член на петтопласираната селекција од минатогодишното Европско првенство во Србија, и златна стрелачка од Параолимписки игри во Лондон, Оливера Наковска Бикова се прогласени за најдобри спортисти на Македонија за 2012.година. На традиционална свеченост одржана во МОБ во Скопје, организаторот Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт по 57. пат ги доделија наградите за тие што на спортско поле ја одбележаа минатата година и ја промовираа земјата низ спортските арени. До резултатите и лауреатите беше дојдено по опсежното гласање спроведено меѓу сите спортски федерации и представниците на медиумите во Македонија.
На гала манифестацијата на која присуствуваа сите наши спортски ѕвезди и пред преполно гледалиште беа доделени вкупно 11 статуетки специјално излеани за оваа пригода, а две плакети постхумно им беа доделени на Александар Анастасовски Мац и на Славе Атанасов.
Секако најмногу аплаузи заработија најдобрите кои им се заблагодарија на сите што учествуваа во изборот.
-Имавме одличен настап минатата година со репрезентацијата, сега направивме грешки во Шпанија, но ќе ги поправиме и ќе бидеме повторно силни-рече Наумче Мојсовски.
-Им благодарам на тренерот Јовановски, на АМС, на Сојузот на спортови за телесни инвалиди и ветувам дека ќе има уште радости-изјави Оливера Наковска Бикова.
Еве ги сите кои се стекнаа со признанија во Изборот на сспортист на Македонија.
Спортист на Македонија: Наумче Мојсоски(ракомет)
Спортистка на Македонија: Оливера Наковска Бикова(стрелаштво)
Спортист интернационалец: Кире Лазаров(ракомет)
Најуспешна репрезентација (мажи): Ракометна селекција (сениори)
Најуспешна репрезентација (жени): Ракометна селекција (сениорки)
Најдобар селектор: Бранимир Јовановски(стрелаштво)
Млад спортист: Димитар Ѓоргиев(кикс бокс)
Млада спортистка: Симона Заборска(карате)
Промотор на Македонија во светот: РК Металург
Промотор на Македонија во светот: Агим Ибраими(фудбал)
Промотор на Македонија во светот: Алесандар Ставрев(фуд. судија)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


