Натурализираниот македонски репрезентативец Предраг Ранѓеловиќ, е џокерот на Чедомир Јаневски за блок натпреварите против Велс и Шкотска на 6. и на 10. спетември во квалификациите за пласман на СП во Бразил селдната година.
Ранѓеловиќ до ова лето беше член на Вардар, а си замина од редовите на шампионот со потпис за српскиот прволигаш Јагодина.
„Главната сила на Велс е Герет Бејл, кој е одличен индивидуалец, способен сам да одлучи натпревар. Ќе се обидете да ги запреме неговите напади, а што се однесува до нашата офанзива верувам дека ќе биде доволно добра за да не однесе до посакуваната цел“, изјави Јаневски на денешната средба со новинарите.
Репрезентативците денеска почнуваат со тренинзи од 18 часот на „Филип втори“ арената. На списокот на селекторот Јаневски се следните фудбалери:
Голмани: Томе Пачовски (Мехелен, Белгија); Дарко Тофилоски (Кошице, Словачка); Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт, Романија).
Одбрана: Бобан Грнчаров (Ботев П., Бугарија); Стефан Ристовски (Латина, Италија); Николче Новески (Мајнц 05, Германија); Ванче Шиков (Волин, Украина); Александар Лазевски (Ховерла, Украина); Даниел Георгиевски (Стеауа Букурешт, Романија); Даниел Мојсов (Бран, Норвешка); Даниел Ивановски (Мјалби, Шведска).
Среден ред: Остоја Стјепановиќ (Висла Краков, Полска); Дарко Тасевски (Кирјат Шмона, Израел); Никола Глигоров (Хазар Ланкаран, Азербејџан); Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Предраг Ранѓеловиќ (Јагодина, Србија).
Напад: Иван Тричковски (Васланд Беверен, Белгија); Горан Пандев (Наполи, Италија); Мирко Ивановски (Астра, Романија); Агим Ибраими (Калјари, Италија); Александар Трајковски (Зулте Варегем., Белгија); Адис Јаховиќ (Ворскла, Украина); Јован Костовски (Од Еверле, Белгија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


