| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Дејвид Фрост- новинарот пред кого се отвори Ричард Никсон

frostДејвид Фрост, според семејството починал во саботата на 74 години од срцев удар, крстарејќи на бродот „ Queen Elizabeth”, дополнува во соопштението неговото семејство.

„Со сето срце сум крај семејството на Дејвид Фрост. Успеваше да биде, како што беше си со мене, истовремено и пријател и непоколеблив водител на интервјуа”, напиша на Твитер  британскиот премиер Дејвид Камерон.

Дејвид Фрост, кој работеше за британскиот државен радиодифузер БиБиСи, го интервјуираше во 1977 година Ричард Никсон по неговата оставка на претседателската функција за аферата Вотергејт, огромен политички скандал, и притоа Никсон првпат јавно се извини за скандалот и кое го гледале 45 милиони гледачи.

Ова интервју потоа доби и филмска верзија „Фрост против Никсон“, а беше номиниран за пет Оскари.

Фрост беше познат и по врските со убавите и славни жени од неговото време, но се женел само двапати.

Одликуван со титулата сер, пред крајот на кариерата во 2008 година имаше забележани ексклузивни интервјуа и со поранешниот британски премиер Тони Блер, ликвидираниот либиски водач Моамер ел-Гадаф и со пакистанската политичарка Беназир Али Буто, како и со многу славни чичности.frost bler

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top