Денеска попладне треба да се потпише конечниот извештај за настаните од 24 декември, јавуваат неколку портали повикувајќи се на извори од СДСМ.
Премиерот Никола Груевски синоќа соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ донела одлука да потпише извештај на ат хок комисијата каков што сака СДСМ поради државните интереси иако не се согласуваат со содржината на заклучоците.
Шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, и претседателот на ад хок комисијата, Борче Давтиковски, пред потпишувањето ќе требало да ги усогласат финесите, за подоцна членовите на комисијата Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски и Рената Десковска-Треневска од СДСМ да стават параф на конечната верзија на извештајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)