| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Оливер и Шели ен Фрејзер Прајс најбрзи на третиот ден од светското првенство во атлетика

Во денешната програма на Светското првенство (СП) во атлетика, кое се одржува во Москва, се завршени уште шест финални дисциплини.
David oliver
Американецот Дејвид Оливер, кој беше фаворит во трката на 110 метри со пречки, ја оправда улогата и го освои првото место со време 13.00 секунди пред сонародникот Рајан Вилсон, кој заостана 13 стотинки и домашниот наптpеварувач, Русинот Сергеј Шубенков. Рускиот атлетичар заостана 24 стотинки зад Оливер и не дозволи тројна победа на Американците во оваа дисциплина, благодарејќи на грешката на Џејсон Ричарсон во последните десетина метри пред целта.
shelly ann fraser pryce
Во натправарот на најбрзата дисциплина – 100 метри во женска конкуренција победи Шели Ен Фрејзер Прајс од Јамајка, која без проблеми ја заврши патеката за 10.71 секунди, пред Мјуриел Ахуре од Брегот на Слоновата Коска и Кармелита Џетер, која во фотофиниш се избори за бронзен медал.
krisitna ohurogu
Сепак, најинтересна беше трката на 400 метри за жени, која во фотофиниш и со идентичен резултат 49.41 секудни ја истрчаа Британката Кристина Охурогу и Амантли Моншо од Боцвана. Сепак, судиите по прегледувањето на снимките и замрзнување на сликата победата ѝ ја доделија на Охурогу, која по шест години повторно се закити со најсјајното признание. На третото место, за голема радост на домаќините, се пласираше Русинката Антонина Кривошапка со заостанување од 37 стотинки.
valaeri adams
Доминацијата во фрлање ѓуле во женска конкуренција ја потврди Валери Адамс од Нов Зеланд, која докажа дека е неприкосновена во оваа дисциплина и се закити со четврто злато во низа од светските првенства. Адама е и двократна олимписка шампионка. Таа, ѓулето  го фрли најдалеку во третата серија –  20.88 метри.
LEKKOATLETYKA MISTRZOSTWA EUROPY U23
Павел Фајдек од Полска е новиот светски шампион во фрлање кладиво. Тој првиот златен медал за својата земја од светските шампионати ѝ го донесе во првата серија со фрлени 81.97 метри.
rafel heldzepe
Германците можат да слават со победата на Рафаел Хелздепе, кој победи во дисциплината скок со стап со прескокнати 5.89 метри. На второто место се пласираше Французинот Рене Лавилени, кој, исто така, ја прескокна оваа височина, но поради послабата серија мораше да се задоволи со сребрениот медал. На третото место се пласираше уште еден Германец – Бјорн Ото, кој прескокна 5 метри и 82 самтиметри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top