На Илинден низ Струга нема истакнато ниту едно државно знаме, освен она постојаното пред општината веднаш до албанското и неколкуте кои сами ги истакнале граѓаните на своите приватни тераси. Градот на мостовите како да не празнува големиот државен празник, јавува Канал5.
– Градоначалникот Села си го покажа лицето сето она што го кажуваше после изборите дека е градоначалник на сите паѓа во вода. Како што гледате на нашиот најголем национален празник се дрзна да не го истакне македонското знаме како што и самиот закон налага, изјави Перо Петкоски, реагира претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга.
– Со неистакнувањето на македонското знаме тој направи една голема навреда како и на законот така и на македонскиот народ во Струга. И ова нема да му се прости, нема да се дозволи понатака истото да се случува, изјави Ѓоко Илоски секретар на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга.
Градоначалникот Зиадин Села во телефонскиот разговор за Канал 5 кажа дека ЈП “Комуналец”било обврзано да ги постави знамињата, но од непознати причини направиле пропуст, па ке ја исправат грешката во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


