| четврток, 6 декември 2018 |

Пипан стартуваше со пораз од Украина

Алеш Пипан стартуваше со пораз на првиот натпревар како селектор на македонската кошаркарска репрезентација и на првиот контролен дуел од подготовките за претстојниот Евробаскет, Македонија загуби од Украина со 69:60.

Во македонската репрезентација најефикасен беше Дамјан Стојановски со 13 поени, додека неговиот брат Војдан реализира 11.
Вечерва Македонија ќе одигра пријателски натпревар со домаќинот Словенија. Почетокот на овој дуел кој ќе се игра во Литија е во 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top