Идната гасификација на скопската општина Чаир е дел од изградбата на Национален гасификационен систем во Македонија. Според планираната потрошувачка на гас во Македонија по планираната гасификација, до 2040 година треба да изнесува околу 2.8 милијарди Nm3 (нормални метри кубни).
Сега Министерството и општината Чаир ќе ја почнат проектна документација за проектот за гасификација на општина Чаир. Министерот Сараќини објасни дека соработката ќе опфаќа изработка на Физибилити студија за гасификација на општина Чаир и Проценка на влијанието на животната средина од гасификацијата на општина Чаир, активности кои ќе ги преземе општината, и Извештај за претходна анализа за основните елементи на Проектот- активност, која ќе ја преземе Министерството за економија.
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити изјави дека општината со која раководи, минатиот месец доставила Иницијатива до Министерството за економија со која јасно се истакнува потребата од остварување на соработката со Министерството за економија со цел да се започне со подготовки за проектот на гасификација на Општина Чаир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Струјата повторно ќе поскапи, а гасификацијата е заглавена
-
Илиовски: Не може и не смее да се игнорираат 37 милиони евра за гасификација и 47 милиони евра за топлификација
-
Преку новото сценарио за гасификација, владата на СДСМ ја прави Македонија енергетски зависна од Русија
-
Груевски: Процесот на гасификација тече одлично, постигнат е сериозен напредок во овој проект


