Тројцата кочанци иако немале лиценца за работа поставиле 195 покер апарати и шест рулети и нелегално организирале игри за среќа во Куманово, Тетово, Кочани, село Облешево, Македонска Каменица и Делчево. Еден од локалите е сопственост на еден осомничените, додека другите простории биле изнајмени.
Работеле под логото на фирмата „Шери“ регистрирана за служење на пијалоци, па не платиле данок според Законот за игри на среќа и за забавни игри, а истовремено не ги прикажувале приходите стекнати од незаконското работење на нелегалните автомат клубови.
Против еден од осомничените била поднесена кривична пријава во јуни минатата година за комар и даночно затајување, велат од МВР.
„Со парите стекнати на криминален начин купувале основни средства за правното лице ДПТУ„Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани или ги уплаќале во готово на жиро сметката на истото правно лице, потоа купувале странски валути со кои вршеле плаќања на добавувачите од странство на ДПТУ„Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани, а исто така со плаќање во готово пријавените купувале недвижен и движен имот, стан во Скопје, деловен простор во Кочани, 11 патнички моторни возила. За да биде прикриен имотот на ДПТУ„Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани со Договор за пренос на удел без надомест, основните средства биле пренесени на име на физичкото лице-назначено како нов сопственик на ДПТУ„Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани, кое по менување на сопственоста било и преименувано во ДПТУ „Жупа Слот“ Кочани“ соопштуваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


