Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос за активностите и средбите што ги имал вчера во Брисел во рамките на Советот за надворешни прашања, посочи и на средбата со министерот Никола Попоски.
„Воопшто не беше случаен фактот што на средбата што ја имав со господинот Попоски имавме можност да потенцираме дека Грција верува вистински во евроатланската перспектива на нашата соседна земја. Но, ова потребно е да биде изградено врз здрава и јасна основа за взаемна корист“ – вели вицепремиерот и министер за надворешни работи на Грција.
Евангелос Венизелос во рамките на Советот за надворешни прашања на ЕУ се сретнал и со комесарот за проширување, со кој во разговорите, особено се задржале европската иднина на земјите од Западен Балкан и на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


