| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го потпиша договорот за „Јужен тек“

juzen tekВладина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, денеска во Москва го потпишa договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот „Јужен тек“ – кракот за испорака на гас во Република Македонија.
Договорот во име на Владата на Република Македонија го потпишa вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Според Владата, вклучувањето на Македонија во проектот „Јужен тек“ е од стратешко значење за Република Македонија кое ќе обезбеди вклучување на Македонија во меѓународните транспортни коридори и стабилен извор на гас за идните генерации.

– Ова е исклучителен значаен проект за нас затоа што со „Јужен тек“ практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла – изјави викендов премиерот Никола Груевски.

Тој подвлече дека и за внатрешната инфраструктура има зацртано план за тоа како да се реализира и истакна дека се планира брз почеток, но зависи од тоа дали ќе има доволни количини гас. Посочи дека сега со склучување на договорот за „Јужен тек“, сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец.

Гасоводот „Јужен тек“ треба да заврши до 2015 година, кога ќе протечат првите количини гас кон Централна и Јужна Европа. Капацитетот на гасовоот е 63 милијарди кубни метри годишно или 14 проценти од вкупните потреби на Европа. Македонија во јули минатата година влезе во проектот „Јужен тек“. Изградбата на гасоводот почна во декември 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top