Интерпол се вклучи во тенисот со истрага за наводни местенки за кои се обвинети четворица хрватски тенсиери и еден Молдавец. Никола Мектиќ, Антонио Веиќ, Тони Андроиќ и Дино Маркан, заедно со Раду Албот, се осомничени за нелегални дејанија, односно дека намерно ги загубиле своите мечеви со по 0-2 во сетови, а сето тоа го сториле за ќар во обложувалниците. Романски букмејкери загубиле над половина милион евра, а поднеле барање до Интерпол за истрага. Романците тврдат дека 8 натпревари се наместени, а имало и чуден тек. Имало големи уплати на тие 8 меча, а 5 од нив излегле со исход што го очекувале и играле обложувачи и тоа со високи влогови, а тројца од тенисерите ги предале мечевите со што овозможиле тикетите да бидат добитни.
Вакви работи во тенисот се случуваа и претходно, а имаше и казнети играчи. Најдрастична е доживотната казна за Австриецот Данеил Колерер, а од попознатите тенисери обвинет и суспендиран за месетње беше Николај Давиденко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст