Мајмунче од видот патас – мајмуни се родило вчера во раните утрински часови во Зоолошката градина во Скопје. Мајката и новороденото се заедно со групата со која живеат, од која се добро прифатени, соопштија од управата.
Патас мајмуните се сместени во новата мајмунара, чија изградба е донација од АЕК. Инаку во природата патас мајмуните живеат на африканскиот континент. Ги населуваат шумите, саваните и пустините во западна и источна Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


